Насловна / Вести / Едукацијата основа за квалитетно изведени работи

Едукацијата основа за квалитетно изведени работи

Основа за секој инженер – изведувач кои доверените работи сака и тежи да ги изведе квалитетно и навремено, е добрата организација и неговото континуирано учење, надградување.Construction Worker at Site

Секој кој работи во изведување, а тоа важи и за секоја друга работна обврска потребно е покрај основното, базно знаење, стекнато преку школската наобразба во текот на својот работен век, дополнително, континуирано, да учи и да го проширува своето знаење во делот на:

  • примена на нови материјали,
  • користење нови технологии, системи и постапки на изведба кои се пофункционални, поекономични, со максимален краен ефект.

За постигнување максимален ефект во изведбените постапки клучен елемент е и користењето на адекватни, квалитетни, со добри технички перформанси и лесни за ракување, машини, опрема и алат.  За правилна употреба и ракување на машините и опремата, исто така потребно е перманентно учење, усовршување и следење на новитетите што се нудат на пазарот.

Изведувачите кои цело време со години го надоградувале своето знаење, инвестирале во машини, опрема и алат, воведувале нови поусовршени методи и системи, ги подобрувале своите вештини во изведбата, секогаш ќе бидат барани, секогаш ќе имаат работа, ќе бидат ценети во групацијата, ќе постигнуваат добри резултати и ќе стекнат доверба кај нарачателите.

Сите овие работи го прават ликот на секој квалитетен изведувач. Квалитетните и докажани изведувачи секогаш го почитуваат правилото: „Никогаш не зборувај лошо за конкуренцијата“.

Најлош тип на изведувачи се оние кои имаат релативно долг работен стаж во изведувањето, но никогаш не навлегле во суштината на тоа што го работат, работеле, па во изведбите го применуваат само тоа што виделе или слушнале како тоа другите го прават. Систем на копирање и искуствено дополнување без комплетен длабинско, аналатички пристап кон доверената задача.

Секоја техничка промена, нови материјали, постапки на изведба, употреба на машини и опрема, нив ги носи во безизлезна, заглавена состојба, без адекватно решение.

Бидејќи немаат континуирана надградба и усовршување, секоја новонастаната ситуација која треба да ја решат ја одовлекуваат, бидејќи не знаат и не виделе како тоа другите го прават и ако почнат со изведба, импровизираат со што губат време, роковите не ги запазуваат, а крајниот ефект од таквото работење е со многу пропусти, грешки, некомплетно за чие коригирање се потребни дополнителни финансиски средства и време.Lean-Construction

Затоа сите кои се спремни да учат и тоа го прават континуирано во областите кои ги работат, на пазарот имаат поволна позиција, своите понуди и решенија можат полесно да ги продадат. Нарачателите имаат целосна доверба кон овој тип изведувачи.

Да бидеш квалитетен во она што го работиш, изведуваш, покрај наследените базни традиционални постапки, како почетни но и за да ги надминеш и надополниш, мора континуирано да внесуваш нови сознанија како би се постигнал потполниот ефект.

Најголем дел од грешките кои се јавуваат во изведбата е празнината, јазот во знаењето, што се појавува помеѓу производителите, изведувачите и крајните корисници, нарачателите.

Со добра соработка, разбирање, координација и усогласување, барањата кои ги имаат нарачателите и можностите тие барања да се реализираат во бараната форма, финално, ќе придонесат да се избегнат непријатни ситуации помеѓу изведувачите и нарачателите.

За да се постигне вистински напредок и квалитетна изведба, потребно е организирање повремени, а по потреба и континуирани курсеви и оперативни обуки од страна на производителите со што изведувачите покрај теоретски, би добиле и практични знаења.

Ваквите соработки за сите оние кои сакаат да го зголемат своето знаење имаат големо значење, а и за нарачателите ќе значат заштеда на пари, избегнување стресни ситуации и задоволство од сработеното – „Задоволни корисници, задоволни изведувачи“.

Битна улога во целата работа има и нарачателот кој треба да има, генерално, точно дефинирани барања, обезбедени финансиски средства, со што би оневозможил изведувачот да импровизира, крати на материјали, спроведува неадекватни ефективни решенија, како би заштедил на материјал и работна рака.

Дончо Каратуков, дипл.инж.арх.

Испрати коментар

Scroll To Top