Насловна / Вести / Едноставна и топла оаза

Едноставна и топла оаза

Ако ги следите трендовите во дизајнот на ентериери, најверојатно ќе се согласите дека правилата скоро и да ги нема. Многумина денес повеќе не се оптоварени со норми и правила, па при организирањето на домовите понекогаш се спојуваат и некомпатибилни елементи. Сепак, сѐ уште може да се пронајдат сјајни проекти со класичен тон, а еден таков е резиденција која се наоѓа во Квебек, Канада, поточно во областа Силери, а позната како Oak House.канада (5)
Проектот е потпишан од две архитектонски студии, Hatem + D и Étienne Bernier Architecte, кои домот на едно семејство го замислиле како едноставна и топла оаза. Екстериерот е покриен со дрвени панели и по некој црн блок, додека во луксузниот, но минималистички ентериер доминираат беж, смеѓи, кафеави и бели нијанси. Нема вишок детали, а материјалите што доминираат се богато дрво и стакло.канада (7) канада (6) канада (4) канада (3) канада (2) канада (1)

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top