Насловна / Архитектура / Дубаи гради најголем трговски центар во светот

Дубаи гради најголем трговски центар во светот

Mohammed bin Rashid Al Maktoum, Mohammed Abdullah Al Gergawi
Премиерот на Обединетите Арапски Емирати, шеикот Mухамед бин Рашид ал Mактум го претстави проектот „Светски трговски центар“, кој ќе се простира на површина од 743.224 квадратни метри, со климатизирани делови под отворено небо, тематски парк и 100 хотели, со повеќе од 20 илјади соби.

Посебна атракција ќе претставува културниот и театарскиот дел на центарот, инспириран од њујоршкиот Бродвеј, трговските улици по терк на лондонскиот „Оксфорд стрит“ и велнес зона наменета за здравствен туризам, пренесе АП.

Dubai trgovski centar nov
„Порастот на семејниот и на шопинг туризмот, укажува на потреба што порано да се засили туристичката инфраструктура на Дубаи“, се вели во соопштението дадено по тој повод од страна на шеикот Мухамед. „Тој проект го пополнува нашиот план да го претвориме Дубаи во културен, туристички и стопански центар за две милијарди луѓе, кои живеат во регионот, и одлучни сме во намерата да ја оствариме таа визија“, се вели во соопштението.

Дубаи холдинг, конгломерат кој го контролира владетелот на Емиратите е задолжен за развој на комплексот. Не е наведена цената на изградбата, ниту рокот кога тој проект треба да биде звршен.

Mideast Dubai Mall
Гигантските проекти на ОАЕ не само што го поттикнуваат стопанскиот раст, туку го ставаат Дубаи меѓу водечките светски туристички дестинации.

Дубаи забрзано ја развива инфраструктурата, затоа што ќе треба да биде првиот блискоисточен град кој ќе биде домаќин на Светската изложба во 2020 година. Се проценува дека организацијата на изложбата ќе чини 8,4 милијарди долари, но властите очекуваат дека ќе привлечат голем број посетители и приход од 23 милијарди долари.

Еден коментар

  1. Се восхитувам на емиративе…

Испрати коментар

Scroll To Top