Насловна / Вести / Донација на Ротари клуб Скопје – Камени мост за прочистување на воздухот во градинката „13 Ноември“

Донација на Ротари клуб Скопје – Камени мост за прочистување на воздухот во градинката „13 Ноември“

Денеска (13 ноември), во 10:30 часот, Ротари клуб Скопје – Камен Мост, ќе донира 12 уреди за прочистување на воздухот на  Јавната установа за деца Детска градинка на Општина Центар „13 Ноември“ – Скопје.skopje-centar

Со овие прочистувачи се очекува значително да се подобри квалитетот на воздухот и да се намали ризикот за заболување на дишните патишта на децата во текот на нивниот престој во градинка.

Настанот ќе се одржи во детската градинка „13 Ноември“, која се наоѓа позади ООУ „Ј.Х.Песталоци“ на улица „Никола Тримпаре“ .

Испрати коментар

Scroll To Top