Насловна / Вести / Домување и енергетска ефикасност во Македонија

Домување и енергетска ефикасност во Македонија

Хабитат Македонија организира експертска консултација за развој на пазарот во секторот домување, со фокус на енергетската ефикасност

 

 

Домување и енергетска ефикасност во Македонија

Домување и енергетска ефикасност во Македонија

Тервилигер центарот за иновации во домувањето од Атланта, САД и здружението Хабитат Македонија одржаа тркалезна маса – експертска консултација на тема: РАЗВОЈ НА ПАЗАРОТ ВО СЕКТОРОТ ДОМУВАЊЕ: ФОКУС НА ЕНЕРГЕТСКАТА ЕФИКАСНОСТ.

 

Тркалезната маса, која се одржа денес во Скопје, е дел од комплексен проект кој вклучува проценка на големината на пазарот и потенцијалот за инвестирање во енергетска ефикасност на колективните станбени згради во Македонија, преку систематска анализа на станбениот фонд, комбинирана со проценки за трошоците за енергетска реконструкција и обнова, како и долгорочните ефекти на ваквите зафати.

 

„Прелиминарните проценки покажуваат дека македонскиот станбен сектор во згради со колективно домување има потреба од инвестиции вредни најмалку 300 милиони евра и дека ова вложување може да се исплати во период од 5-8 години, преку заштеда на 30-50% од потрошувачката на енергија за греење и ладење, што претставува 60-70% од вкупната потрошувачка на енергија во домаќинствата во Македонија. Дополнително, намалената потрошувачка на енергија од домаќинствата значајно ја намалува емисијата на CO2 и други загадувачи на воздухот, што е долгогодишен проблем во македонските градови“ – изјави Зоран Костов, директор на Хабитат Македонија.

 

Идентификувањето на потенцијалите на пазарот во секторот домување, особено на пазарот  на енергетски ефикасни интервенции на станбените згради, вклучува и анализа на регулативата, односно законските, организациските и финансиските предуслови. Експертската консултација ќе ги идентификува пречките и ќе даде насоки за започнување инвестициски циклус кој ќе го искористи севкупниот потенцијал на пазарот на резиденцијална енергетска ефикасност во Македонија.

 

На консултацијата свое излагање имаше и министерот за транспорт и врски г-дин Горан Сугарески, а учество земаа триесетина претставници на бизнис секторот и релевантни чинители од областа на енергетската ефикасност.

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top