Насловна / Вести / Дом за двајца од само 13 квадрати (ВИДЕО)

Дом за двајца од само 13 квадрати (ВИДЕО)

Dom za dvajca vo 13 kvadrati

Данската дизајнерска двојка „Студиомама“ купила еднокатна куќа во северен Лондон со цел да ја преуредат, а она што е најинтересно е фактот што на располагање имале само 13 метри квадратни.

Dom za dvajca vo 13 kvadrati1

Идејата за реновирање на вака мал простор, дизајнерите и основачите на „Студиомама“ Нина Толструп и нејзиниот сопруг Џек Мама ја пронашле во  уредувањето на  ентериери на малите каравани и бродови,  каде примарната цел е максимално искористување на малиот простор.

Dom za dvajca vo 13 kvadrati2

Овој пат нивната цел била да направат флексибилен животен простор кој изгледа поголем отколку што навистина е. Мебелот е повеќефункционален, а пастелните тонови се протегаат од жолти, преку розови до сини.„ Вака мал простор мора да биде дизајниран како караван или бротче. Се мора да биде направено по нарачка. Нема доволно простор за полици, што ни претставуваше  предизвик.

Dom za dvajca vo 13 kvadrati3

Употребата на доминантниот материјал направи да изгледа како просторот да се спојува во една целина. Материјалите се нежни и топли, па куќата изгледа навистина  удобно“, открива Толструп за архитектонското списние Dezeen.

Видео:

 

Испрати коментар

Scroll To Top