Насловна / Вести / Договорени градежни работи во странство во вредност од 2,96 милијарди денари

Договорени градежни работи во странство во вредност од 2,96 милијарди денари

Gradezni raboti
Македонската градежна оператива во првите шест месеци од годинава договорила градежни работи во странство во вкупна вредност од 2,96 милијарди денари, што е за 56,8 отсто помалку во споредба со истиот период од претходната година.

Во овој период, пак, градежната оператива во странство извршила градежни работи во вкупна вредност од 968.529 илјади денари што е за 38,6  повеќе во споредба со лани.

Според податоците на Државниот завод за статистика, зголемен обем на извршените градежни работи е забележан во Италија, Хрватска, Босна и Херцеговина и Холандија, а на другите пазари обемот е намален.

Како нови пазари се јавуваат Косово, Австрија, Албанија, Србија, Полска, Словенија, Грција и Црна Гора.

Испрати коментар

Scroll To Top