Насловна / Градежништво / Дистрибутивен систем со предизолирани челични цевки

Дистрибутивен систем со предизолирани челични цевки

Со цел постигнување на услови за нормално функционирање на објектите на едно подрачје се планираат и изведуваат системи за обезбедување на различни видови енергија за корисниците. Еден од таквите системи е енергетскиот систем за испорака на топлинска енергија. Тој претставува систем од меѓусебно поврзани објекти, уреди и опрема за пренос, односно дистрибуција на топлинска енергија. Истиот систем претставува интегрирана техничко-технолошка и функционална целина, а служи за испорака на топлинската енергија од производителите на топлинска енергија до крајните потрошувачи.

energetika-slika-br-1

Како современ начин на дистрибуција на топлинска енергија се користат предизолираните вреловоди за ефикасен пренос на топлинската енергија. Вреловодите се изведуваат од предизолирани челични цевки и го заменуваат класичниот систем на дистрибуција на топлина (челична цевка поставена во заштитен бетонски канал) кој се користи повеќе децении во градот Скопје.

energetika-slika-br-2

Предизолираните челични цевки имаат големи предности во однос на класичниот систем на изведба на системите за дистрибуција на топлина, а во продолжение се дадени неколку од нив:

•            Поедноставна и побрза изведба;

•            Намалена цена на чинење по метар должен;

•            Можност за детекција доколку дојде до дефект;

•            Директно поставување во земја;

•            Фабрички топлински изолирани и антикорозивно подготвени;

•            Исправноста на цевките и изолацијата се испитани во фабрика.

Секако, изведбата бара одредени услови за успешна инсталација која треба да биде пратена со квалитетно изработен проект и потребни пресметки, и почитување на постапка за изведба од градежен и од машински аспект.energetika-slika-br-3

•            Од машински аспект предизолираните цевки е потребно да се спојат со постапка на заварување со претходно одобрен WPS.

•            Се применува испитување без разорување (НДТ) на заварениот спој. Најчесто се применети радиографско и пенетрантско испитување, во зависност од потребите.

•            Изолација на заварени споеви со посебна термособирачка спојница.

•            Хидростатичко испитување на цевководот.

•            Испитување на оштетување на изолацијата на цевките.

•            Обележување на сите заварени споеви и евидентирање во дневник на заварување.

•            Прикажување на местоположбата и називот на заварите во проектот на изведена состојба.

Доколку постапката се спроведе според сите предвидени процедури, и има добра  соработка помеѓу проектантот, изведувачот и надзорот (инвеститор), се добива вреловоден дистрибутивен систем кој е долготраен и со минимални топлински загуби квалитетно ја извршува својата функција.

Подготвиле:

Драган Ѓорѓевиќ, дипл.маш.инж.,

Орце Арбелски, дипл.маш.инж.,

ГЕИНГ Кребс унд Кифер Интернешнл и др. ДОО, Скопје

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top