Насловна / Архитектура / Десетте кули на Трамп ширум светот

Десетте кули на Трамп ширум светот

Ви ги претставуваме 10-те кули ширум светот кои го носат името на човекот што ги изградил – Доналд Трамп, новиот претседател на САД. Во 1971 година тој ја презел компанијата од неговиот татко, и оттогаш неговата империја се шири насекаде.

Trump Tower, Њујорк

Increase Police Security In Front Of Trump Tower Following Protest In New York

Оваа 58-катна зграда се наоѓа на 5-тата Авенија на Менхетн. Тука се сместени главните канцеларии на Трамп и седиштето на неговата претседателска кампања. Изградена е во 1983 година по проект на американскиот архитект Der Scutt.

Trump International Hotel and Tower, Чикаго

OLYMPUS DIGITAL CAMERA

Компанијата Skidmore, Owings i Merrill (SOK) добила задача да ја проектира оваа 423,4 метри висока кула во рамките на „Chicago River“. Првобитно Трамп имал намера ова да биде највисока зграда во светот, но плановите се сменети по терористичкиот напад од 11 септември 2001 год.

Trump Ocean Club, Панама Сити

trump-ocean-club-international-hotel-tower-panama

Колумбиската компанија Arias Serna Saravia стои зад единствениот проект на Трамп во Латинска Америка. Кулата е изградена во 2011-та, наликува на едро и брои 369 хотелски соби и 700 апартмани со приватен клуб на самата плажа.

Trump Towers, Истанбул

istambul-kula

Првата кула „Trump Towers“ која е изградена во Европа, е всушност пар згради од кои едната е деловна а другата станбена. Но, во последно време има гласини дека наводно претседателот на Турција настојува да се тргне името на Трамп од зградата поради неговите негативни ставови за муслиманите искажани во текот на предизборната кампања.

Trump International Hotel and Tower, Торонто

hotel-tower-toronto

Овој облакодер е висок 277 метри и претставува втор највисок облакодер во Канада. Проектиран е од фирмата Zeidler Partnership Architects и се наоѓа во финансискиот кварт на градот. Кулата вклучува 260 луксузни хотелски соби и 109 апартмани (станови). И оваа зграда имаше проблеми поврзани со нејзиното име. Минатата година градоначалникот на Торонто ги повика граѓаните да се дистанцираат од Трамп по неговите анти-муслимански говори.

Trump World Tower, Њујорк

trump-world-tower-new-york-city

Затемнети стакла ја прекриваат оваа станбена кула со мрачен изглед на источната страна на Менхетн. Кулата има 72 ката, завршена е во 2001 год. а во 2007-та тука се снимени сцени од крими драмата „Before the Devil Knows You’re Dead“.

Trump International Hotel, Лас Вегас

trump-tower-las-vegas

Пустината Невада рефлектира златна фасада на хотелот и апартманската зграда. Кулата се наоѓа веднаш до „Las Vegas Strip“ и со своите 200 метри е највисока станбена зграда во градот.

Trump Towers, Мајами

miami-trump-towers-florida

Овие три идентични кули, секоја по 271 единици, се наоѓа покрај брегот на Флорида во ресортот „Sunny Isles Beach“, северно од Мајами. Зградите имаат заоблени балкони „исечени“ од белата фасада, проектирани од локалната архитектонска компанија Sieger Suarez.

Trump SoHo, Њујорк

tramp-soho-njujork

Оваа 46-катна кула обвиткана со огледала се наоѓа во рамките на дистриктот Soho на Менхетн. Проектот е дело на Handel Architects.

Trump Tower, Манила

tramp-tower-manila

Станбената кула која треба да биде завршена оваа година во рамките на „Century City“ во Манила, ќе биде една од највисоките згради на Филипини. Дизајнирана е од Jason Pomeroy и се карактеризира со т.н. „соголени“ агли на самата фасада.

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top