Насловна / Вести / Демир Капија – Смоквица: Се комплетира патната сложувалка север-југ

Демир Капија – Смоквица: Се комплетира патната сложувалка север-југ

PREGLEDNA_VARIJANTI-Model

Старата идеја за автопатот „Братство-Единство“, како автопатско решение од југословенско-австриската граница во Словенија (кај Крањска Гора) сè до југословенско-грчката во Македонија (кај Гевгелија), преку Љубљана, Загреб, Белград и Скопје, во Македонија беше реализирана како поединечни делници автопат меѓусебно поврзани со магистрални патишта со по две ленти. Веќе го нема „Братство-Единство“ и целата делница сега се вика Европски коридор 10, кој се протега од Салцбург (Австрија) до Солун (Грција). Паралелно со тоа, полека исчезнуваат и делниците со обичен пат, кои се заменуваат со автопатишта. 10465521_10152527874696952_2929780313923166523_o

По независноста, Македонија ги изгради делниците Табановце-Куманово, Велес-Градско, Градско-Неготино, Неготино-Демир Капија и Смоквица-Гевгелија, и остана да се догради уште последното парче – од Демир Капија до Удово, со продолжување до Смоквица.

Возењето по нов автопат во овој дел од Македонија се планира години наназад, но реализација на делницата е дури сега, откако кога се наредија сите парчиња во сложувалката, односно обезбедени финансиски средства за добро осмислена траса која на возачите ќе им овозможи брзо и безбедно да ја поминат. Сегашниот автопат од Демир Капија до Смоквица, изграден некаде во шеесеттите години од минатиот век, со помош од страна на тогашната војска, ќе остане во употреба за поврзување на останатите региони кон Удово и Валандово. Од септември 2016 година до Грција ќе се патува по сосема нова траса која пробива ридови во поисправена линија, наместо да го следи Вардар во клисурата.

1504357_10152527874926952_5622912848328071287_o

Историјата до сегашниот проект ја објаснува градежниот инженер Лазо Чакаровски, кој од самиот почеток е вклучен во сите проекти и осмислувања на трасата. Оваа делница остана последна да се гради од автопатските решенија и е една од најтешките затоа што е по должината на реката Вардар, и оди по планински делови. Уште во 2000 година Европската Унија одобри средства како донација да се прави проект за оваа делница, а ја доби фирмата „Scetauroute“ од Париз кои бараа во Македонија да се направи идеен и главен проект.

1836948_10152527875441952_6506911344498579404_o

Во тоа време се направија пет до шест такви идејни варијатни решенија и одбрана е варијантата да се прошири постоечкиот пат без да се бара некоја посебна траса, односно да биде покрај него. Проектната задача беше од Демир Капија-Удово-Смоквица до Гевгелија, но и покрај тоа што се разгледувале и други варијанти, сепак се одлучило за оваа и е направен главен проект. Тој е доверен од страна на главниот проектант „Scetauroute“ на две домашни компании, и тоа на „Чакар партнерс“ да ја работи од Демир Капија до Удово, а „Балкан консалтинг“ од Удово до Гевгелија.

VARIJANTI PESTERA-Model

Тие проекти се изработени и дадени на ревизија, но таму е увидено дека таа варијанта бара одредени услови. Немало алтерантивно решение за сообраќај додека постоечкиот се проширува, што, пак, наложувало изградба на уште еден привремен пат. Вториот ограничувачки фактор бил тоа што патот не можел да се шири кон Вардар затоа што е речиси залепен за него и ќе требало да се прават потпорни ѕидови во реката. Затоа потоа е отидено накај ридот од Демир Капија до Удово, но и тука се појавиле некои големи вертикални засеци. И покрај тие непријатности, сепак, главниот проект е направен.10484362_10152527875201952_41572822810623855_o

Но и покрај тоа, проектантите продолжиле да разработуваат друга идеја и на своја рака направиле уште еден проект кој се поврзувал на постоечката петелка која е веќе завршена кај Демир Капија, ја поминува реката Бошава со еден мост и тунел од другата страна на Демиркаписката клисура и излегува директно во ненаселен дел од Демир Капија до Смоквица. Тоа е ридест терен каде што проектантите со проектот се качиле и излегле на клучката кај Смоквица, а оваа траса е пократка за пет километри, односно од постоечката што е 33 километри, сега се крати на 28 километри. Кога ги разгледале двете варијанти било јасно дека и двете имаат свои предности и недостатоци. Тука се појавиле два тунели и пет мостови од кои три се доста високи, и досега во Македонија има само еден таков направен, и тоа кај Здуње на езерото на Треска.

10264265_10152527874666952_8251319640436591201_o

Чакаровски вели дека прво проблем биле тие три мостови, дали ќе може да се испроектираат и изведат во Македонија, но кога виделе дека за тоа има капацитет, сфатиле дека проблем е тоа што тие ќе бидат многу скапи. Во друга варијанта се појавиле два големи моста и неколку со просечна големина. Со таа варијанта, пак, се навлегува во каменоломот на „Гранит“.

Во обид да се избегне едниот мост, веќе се појавил друг проблем со каменоломот и е дојдено во колизија со тоа што е даден под концесија. Затоа било неопходно да се направи друга варијанта, односно да се качи погоре во планината, а тука се појавил мост од 472 метри, а со тоа е потребен и поголем тунел и, се разбира, многу поскап начин на изведба.

Кога се завршени идејните решенија за двете варијанти, тие се поднесени до Фондот за патишта и таму за одлука се чекаше четири години… Кога по тие години проектантите прашале зошто проектите немаат никаков напредок, добиле одговор дека како проблем, за една таква варијанта, се јавува пештерата Бела Вода која е најдолга и со најголема важност од десетте пештери кои ги има во варовничкиот комплекс на Демир Капија и клисурата на Целевечка Река. Поради овој проблем се барало ново решение и е дојдено до проект кој сега се изведува.

1524116_10152527887136952_7013460913771315362_o

Со тоа решение се доаѓа до стариот пат од Демир Капија, се поминува со два моста на реката Вардар, па со два паралелни тунели се качува над постоечкиот тунел. Во меѓувреме Европската Унија има одобрено 50 милиони евра за изградба на оваа делница, а кои средства се даваат на пограничните места за соработка. Од тие пари се искористил дел за да се направи главниот проект врз база на усвоеното идејно решение.

Главниот проект го има направено австриско-грчка компанија. Откако е падната конечната одлука за изградба на последната варијанта, проектот е даден на лицитација на која го има добиено фирмата „Актор“. Според она што досега е сработено и од тоа со каков интензитет се одвиваат работите, патот треба да е готов до септември идната година. Освен главниот проект, „Актор“ имаат обврска на реката Бошава да направат мост и да го поврзат со обиколница на клучка. Тој проект, исто така, е доделен на „Чакар партнерс“ да го проектираат.

1973920_10152758381496952_7533620921419570206_o

Инаку, покрај порано изведената клучката кај Демир Капија, направени се уште две и тоа кај Миравци и кај Смоквица каде се поврзува со постоечкиот пат. Досега проблем се има јавено кај селата Милетково и Миравци каде има повеќе вододелници кои надоаѓаат од планината и со пресекувањето се појави поголема концентрација на вода, за која сега е направен проект за канализирање и одведување.

Како заклучок и мислење на стручната фела, изградбата на оваа нова делница е многу подобро решение отколку да се прошируваше стариот пат затоа што со качувањето на автопатот погоре во планината се избегнува уништувањето на плодното земјиште од Валандовското поле и носење на возилата во ненаселен дел. Од друга страна, постоечкиот магистрален пат за цело време на градење е во функција и останува како алтернативен пат на автопатот.

Во следниот број следува продолжение на сторијата во која ќе ги дадеме точните параметри на мостовите, тунелите, начинот на изградба и материјалите.

Редакцијата на „Порта 3“ упатува голема благодарност до „Чакар партнерс“ за несебичната соработка.

2 Коментари

  1. Анонимен

    SO ZGASNUVANJE NA BRATSTVOTO I EDINSTVOTO VIE GO ZGASNAVTE ZJIVOTOT NA EDNO FENOMENALNO VREME I OVOJ NAROD OD MAKEDONCI GO PRETVORIVTE VO MAKEDON OVCI GI GLEDATE SAMO VASITE LICNI INTERESI A ZA OVOJ NAROD NI K,,,. NE VE BOLI, NE ZABORAVAJTE JA IZREKATA. KOPAJ NOV BUNAR NO VO STARIOT NE PLUKAJ.RACUNAJTE GOSPOD IMA GOSPOD CE VI NAPLATI. EVROPA I ZIVOTOT VO NEA E BETER OD VREMETO NA HITLER

  2. Dobar komentar, samo sto je usud nasih krajeva da se veruje neznancu, a neko vrlo blizak se kaci na krst.

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top