Насловна / Екологија / Данска – земја која ќе ги елиминира фосилните горива?

Данска – земја која ќе ги елиминира фосилните горива?

The new Roedsand 2 Offshore Wind Farm, Denmark
И покрај сите напори, меѓународната заедница не успеа да ги намали емисиите на јаглерод диоксид. Напротив, во периодот 2000-2010 година, емисиите на стакленички гасови забележаа најголем пораст споредено со која било друга деценија. Но сепак, Данска покажува дека овие штетни емисии е возможно значително да се намалат.

Државата планира до средината на веков потполно да го елиминира јаглеродниот диоксид од производството на електрична и топлинска енергија. Целта за 2020 година е 70% од енергијата да се добива од обновливи извори. „Со оглед на фактот што денес Данска произведува 43% од енергијата од обновливи извори, амбициозната цел за целосно елиминирање на нафтата, јагленот и гасот до 2050 е реално остварлива“ изјавил за Deutsche Welle заменик директорот на Energistirelsen, институција која е задолжена за оваа енергетска транзиција.

Испрати коментар

Scroll To Top