Насловна / Вести / Чисти тревници и површини во Маџир Маало

Чисти тревници и површини во Маџир Маало

Madzi-Maalo-cistenje-3

Службите од општина Центар, за еден ден го собраа сметот, отпадот, расфрлените пластични шишиња и кеси од дел од Маџир Маало.

Собрани се и лисјата и искршените гранки. Вработените ги исчистија мини-депониите, на кои беше фрлано сè, од храна до помали апарати за домаќинство.

Се исчисти делот под мостот и ќе се затворат деловите кај мостот каде се складираше отпад.

Ова е редовно чистење на сите делови од општината, но надлежните реагираат и на повиците и укажувањата од жителите. Градоначалникот Андреј Жерновски одржува редовни средби со граѓаните од Центар.

Испрати коментар

Scroll To Top