Насловна / Вести / Чист воздух за најмладите во градинката „13-ти Ноември“

Чист воздух за најмладите во градинката „13-ти Ноември“

Ротари клубот Скопје – Камен Мост денеска на Денот на ослободување на Скопје, донираше 12 прочистувачи на воздух за децата од центарската градинка „13-ти Ноември“.

Загадениот воздух убива околу 6.5 милиони луѓе годишно и со тоа предизвикува поголема смртност отколку ХИВ вирусот, туберкулозата и сообраќајните несреќи заедно, со овие зборови градоначалникот на општина Центар го започна обраќањето по повод донацијата и одбележувањето на празникот.donacija-gradinka-rotari

„Ова е убав гест од Ротари клубот и ние како општина ќе придонесеме за поквалитетен живот на децата и престој во установите, но тука не застануваме. Вакви прочистувачи на воздух ќе бидат поставени во сите градинки и училишта во Центар, со цел да обезбедиме најдобри услови за младите“, рече градоначалникот на општина Центар, Саша Богдановиќ.

Иван Новаковски, претседателот на Ротари клубот – Камен Мост кажа дека нивната мисија е да се помогне онаму каде што е најпотребно, особено кај најранливата категорија – а тоа се децата.

„Град Скопје е на трето место на градови со најзагаден воздух во Европа. Загаденоста со ‘PM’ е сериозна закана за сите што се изложени на него, но најопасен е за децата, на кои што респираторните органи им се во развој“, рече Новаковски.

Овие уреди кои ќе бидат поставени во сите 12 простории за престој на децата ќе го прочистуваат воздухот со што ќе се намали изложеноста на најмалите на загаден воздух и отровни честички.

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top