Насловна / Арт и дизајн / Цепелин во Прага како место за љубителите на книжевноста

Цепелин во Прага како место за љубителите на книжевноста

Прага доби предимензиониран објект во центарот на градот. На кровната тераса на Dox Center Contemporary Art, поставен е дрвен цепелин кој, многу веројатно од очигледни причини, никогаш нема да се издигне до небото бидејќи се работи за уметнички проект. Објектот е наменет за јавноста, поточно како простор за собирање на уметниците, литературните здруженија, дебатирање за книжевноста и разни работилници.cepelin vo praga (1)

Се работи за иновативно и креативно здание кое може да прими до 120 луѓе, а настанало во соработка со основачот на споменатиот центар и архитектот Мартин Рајнис.cepelin vo praga (5)

„Овој наш придонес во современата уметност е всушност начин за нашето поврзување во деменот на книжевноста“, изјави Рајнис. Инаку, објектот цепелин има и назив Gulliver, според фиктивниот протагонист од познатото дело „Гуливеровите патувања“ од авторот Џонатан Свифт.cepelin vo praga (4) cepelin vo praga (6) cepelin vo praga (3)

Испрати коментар

Scroll To Top