Насловна / Вести / Цената на становите се зголеми за 3,1 %

Цената на становите се зголеми за 3,1 %

Индексот на цените на становите во првиот квартал од 2016 година забележа умерено забрзување на растот на годишна основа со што тој изнесува 3,1% (раст од 0,9% во четвртиот квартал од 2015 година), соопшти Народната банка во најновиот извештај.

„Сепак, имајќи предвид дека во текот на изминатата година, кај цените на недвижностите беа забележани мали поместувања во различна насока, тешко е да се заклучи дали промената во првиот квартал е од постојан или од привремен карактер. Во прилог на ова е и констатацијата дека по изразено надолниот тренд во претходните години, во текот на изминатата година дојде до стабилизирање на цените на становите“, соопшти НБРМ.stanovi

Во поглед на состојбата на понудата и побарувачката на недвижности, показателите не упатуваат на позначителни промени.

„Имено, кај изградбата на станбени згради и понатаму се забележува двоцифрена стапка на раст (просечна годишна стапка на раст на изградбата на станбени згради во 2015 година од околу 19%), а слична динамика покажуваат и податоците за одобренијата за изградба на станови.

Во поглед на побарувачката на станови, постојаниот солиден раст на станбените кредити продолжи и во првиот71 квартал на 2016 година, што упатува на натамошно зајакнување на побарувачката“, соопшти НБРМ.

Испрати коментар

Scroll To Top