Насловна / Вести / Бугарија гради складиште за нуклеарен отпад

Бугарија гради складиште за нуклеарен отпад

Bugarija depo za nuklearen otpad

Бугарија започна со изградбата на складиште за нуклеарен отпад во близина на својата единствена нуклеарна централа на Дунав. Бугарската министерка Теменушка Петкова, за медиумите изјави дека проектор кај Козлодуј е „исклучително важен за развој на нуклеарната енергетика во Бугарија.“

Bugarija depo za nuklearen otpad1

Нуклаерниот отпад со ниска и средна радиоактивнот кој ќе биде складиран на тоа место, главно потекнува од затворените четири нуклеарни реактори. Бугарија ги затвори овие стари реактори во Козлодуј, од поранешно советско производство, заради безбедносни причини и затоа што нивното затворање беше еден од условите за прием на земјата во ЕУ во 2007 година.

 

Во Козлодуј, кој се наоѓа на Дунав, недалеку од тромеѓето со Романија и Србија, останаа два нуклеарни реактори исто така од советската ера. Се очекува новото складиште да започне да функционира од 2021 година. Фондот со кој управува Европската банка за обнова и развој (ЕБРД), го финансира овој проект со 73 милиони евра.

 

Bugarija depo za nuklearen otpad2

 

 

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top