Насловна / Вести / Бриж вгради подземни цевки за пренос на пиво

Бриж вгради подземни цевки за пренос на пиво

Белгискиот град Бриж е познат по своите прекрасни историски градби и тесни улици од калдрма, кои се толку тесни што сообраќајот е вистински кошмар.

Тоа бил еден од главните проблеми на пиварницата De Halve Maan, која мора да транспортира по пат милиони литри пиво годишно до своите фабрики за полнење шишиња. Новиот цевковод, или подобро да кажеме, пивовод, го решава овој проблем!

Проблемот бил како да се транспортира до фабриката за полнење шишиња. Цевководот испадна да биде вистинското решение! Новиот цевковод во должина од 3,5 километри транспортира 4.000 литри пиво на час на другиот крај од градот.pivovod-03-726x400

Xavier Vanneste, сопственикот на пиварницата De Halve Maan, дошол на идеја да се постават подземни цевки за транспорт на пиво, но за негова реализација не било толку лесно. Биле потребни три години за да се добијат дозволи, да се соберат средства, и, конечно, да се изгради овој цевковод.

Заради значајните историски локации, рутата морала да биде внимателно планирана пред цевките да бидат поставени во земјата.pivovod-02

Трошоците за цевководот изнесувале околу пет милиони евра, од кои 400.000 евра собрани од фановите на пиварницата, пишува „Гардијан“.pivovod-01

Испрати коментар

Scroll To Top