Насловна / Арт и дизајн / Брендот „Долче и Габана“ со своја линија кујнски апарати инспирирана од Сицилија

Брендот „Долче и Габана“ со своја линија кујнски апарати инспирирана од Сицилија

Италијанската модна куќа „Долче и Габана“ во соработка со италијанскот производител „Смег“ креираа интересна линија на кујнски апарати со декоративни карактеристики типични за сицилијанската култура.

Колекцијата насловена „Сицилија е мојата љубов“, презентирана на Миланската недела на дизајнот, содржи тостери, кафемати, миксери за храна и многу други апарати кои се украсени со живописни бои во стилот на традиционалните декоративни елементи во Сицилија.dolce gabana_1

Целосната линија ќе биде достапна од месец октомври, така што ќе можете да му кажете збогум на здодевниот изглед на апаратите во домаќинството и да го внесете вкусот на Сицијлија во вашиот дом.dolce gabana_4 dolce gabana_2 dolce gabana_3 dolce gabana

Испрати коментар

Scroll To Top