Насловна / Арт и дизајн / Био-уметничка инсталација „Цинобер песоци“

Био-уметничка инсталација „Цинобер песоци“

1

Matthew Soules Architecture (MSA) ја дизајнираат инсталацијата „Цинобер песоци“, натстрешница составена од 260 пирамидални форми кои биле засадени и растени во градина, пред да бидат обесени и истегнати на мрежа.

2 3

Оваа инсталација е создадена за Музејот на Западен Вакувер, Канада. Таа е привремена крошнеста структура која ја обликуваат живи растенија во тридимензионален модел кој го истражува односот на природното и вештачкото.

4 5 6
Крошната е составена од 260 произведени модули, секој со посебна хидро-носителка каде се засадени бела детелина или друга трајна трева, одгледани во градина па закачени на мрежа. Оваа невидлива методологија создава аксијално покривна структура која е апстрактна и чиста а истовремено хетерогена и биотска.

7

Конструирана за Harmony Art Festival, под водство на Музејот на Западен Ванкувер, крошната обезбедува натстрешница и како влез на фестивалот и како засолниште и сенка од летните горештини. Интегриран систем за навлажнување го хидрира растителниот свет, истовремено овозможувајќи природна клима за подобрување на системот за освежување. Искомбинирани со LED диоди поставени на секоја периметрална колона, создаваат мечтателна, сонувачка атмосфера.

8 9 10 11

Секоја пирамида во облик на модул е направена од рамка од челична жица врз која е сошиена геотекстилна ткаенина. Модулите тогаш се надополнуваат со процес во кој ретка цементна маса се меша со дрвна маса, биоразградливо лепило и семиња кои се испрскуваат на геотекстилот. Во следните фази нараснува богата и разновидна био површина која ѝ дава живост на инсталацијата, а истовремено дава резултат и во еколошки контекст.

12 13

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top