Насловна / Архитектура / Врвен архитектонски пример на библиотека

Врвен архитектонски пример на библиотека

Новата централна библиотека во Халифакс во Канада има отворен дизајн, кој ја одразува разновидната популација и наследство во градот. Објектот претставува катализатор за регенерација на централното градско подрачје, а исто така и простор кој служи за создавање на јавни процеси во кои се вклучуваат месечни јавни консултации и работилници со различни фокусни групи.

1-biblioteka-vo-kanada

 

Библиотеката претставува структура која се развива во 5 спрата, со површина од 11,000 квадратни метри и овозможува де се сместува поголем капацитет на книги (50 отсто) за разлика од поранешната библиотека (Spring Garden Memorial Library).

Главното лоби и колекциите за деца се концентрирани на долните спратови, додека поголемиот дел од горните спратови се назначени како тивки простории. Кровната тераса со клупи за седење нуди одличен поглед кон центарот на градот и кон пристаништето на Халифакс.

卥牶敲䍨絹硣桁汯縀

Овој врвен пример на библиотека е дело на тимот архитекти составен од: Schmidt Hammer Lassen + Fowler Bauld & Mitchell.

3-biblioteka-vo-kanada

4-biblioteka-vo-kanada

5-biblioteka-vo-kanada

6-biblioteka-vo-kanada

7-biblioteka-vo-kanada

Испрати коментар

Scroll To Top