Насловна / Архитектура / Бескомпромисна архитектура на поетско ниво

Бескомпромисна архитектура на поетско ниво

На 1 март годинава, во Чикаго беa прогласени добитниците на Прицкеровата награда за архитектура за 2017 година. Тоа се архитектите Рафаел Аранда (Rafael Aranda, 1961), Карме Пигем (Carme Pigem, 1962) и Рамон Вилалта (Ramon Vilalta, 1960). Станува збор за тројца архитекти кои заедно работеле од 1988 година во архитектонското биро RCR Arquitectes, кое го основале во нивниот роден град Олот, Шпанија.02

Господинот Том Прицкер (Tom Pritzker), претседавач на фондацијата „Хајат“ која е спонзор на наградата, ги прогласи овогодишните добитници, a официјалната церемонијата за доделување на наградата ќе се одржи на 20 мај во палатата Акасака во Токио, Јапонија. Оваа награда е воспоставена во 1979 година од семејството Прицкер во Чикаго преку нивната фондација „Хајат“. Станува збор за интернационална награда која секоја година се доделува на архитект или архитекти коишто се живи, а со која се оддава почест на оние архитекти „чиишто творечки опус покажува комбинација на талент, визија и посветеност, кои резултирале во континуиран и значаен придонес кон човештвото и изградената средина низ уметноста на архитектурата“.el petit comte

Градинка El Petit Comte

gradinka

Наградата „Прицкер“ се смета за „Нобелова награда за архитектура“ и „најголема почест во струката“, а се состои од парична награда во износ од 100 илјади американски долари и медалја од бронза. Преку официјалната церемонија за доделување на наградата, дополнително се прославува архитектурата, со оглед на тоа што овој свечен чин се одржува во рамките на значајна архитектонска локација ширум светот. Наградата се доделува без оглед на националноста, расата, верските или идеолошките убедувања на кандидатот, а преку процес на номинации кои треба да се поднесат најдоцна до 1 ноември секоја година. Номинираните кандидати коишто нема да ја добијат наградата, автоматски се пренесуваат за повторно разгледување во следната година. Независното жири е составено од пет до девет експерти, кои се признати во својата област, а која може да биде архитектура, бизнис, образование, публицистика или култура. Членовите на жирито служат повеќе години за да се одржи рамнотежа помеѓу изминатите и новодојдените членови на жирито. Овогодишното жири било составено од девет члена, а со него претседавал прочуениот австралиски архитект и добитник на Прицкеровата награда за 2002 година, Глен Маркат (Glenn Murcutt).

tossols-basil-athletics-track-2000-olot-girona-spain-photo-by-ramon-prat

Атлетска патека Tossols – Basil

tossols-basil

Прицкеровата награда по првпат во историјата се доделува на тројца архитекти, како резултат на нивниот интензивно колаборативен пристап кон заедничкото работење, каде што креативниот процес, посветеноста кон визијата и сите одговорности подеднакво се споделени, што било пресуден фактор архитектите Рафаел Аранда, Карме Пигем и Рамон Вилалта да бидат селектирани за наградата. Ова е вторпат за 39 години наградата да им биде доделена на шпански архитекти. Во 1996 година наградата ја доби архитектот Рафаел Монео (Raphael Moneo).

Bell-Lloc

Винарија Bell-Loc

Bell-Lloc1

Според објавата за наградата, овие тројца локални архитекти евоцирале универзален идентитет преку нивната креативна и интензивна примена на современи материјали, вклучувајќи рециклирано железо и пластика. Претседателот на жирито Глен Маркат изјавил: „Тие демонстрирале дека унифицираноста на материјалот можe да донесe исклучителна сила и едноставност на објектот. Сорабoтката на овие архитекти резултирала во бескомпромисна архитектура од поетско ниво, а која претставува безвременско творештво кое отсликува големa почит кон минатото додека проектира јасно дека е од сегашноста и иднината“.

Oва добро е илустрирано преку проектот за Барбери лаборатори, (Barberi Laboratory, 2007), каде што тие избрале објект на леарница од почетокот на дваесеттиот век за своето биро. Во овој проект многу од остатоците на оригиналниот објект биле сочувани и комбинирани со многу контрастни нови елементи, коишто биле додадени само каде што тоа било неопходно.

c131edf542f1403186e251ab86ed0852_9

Музеј Soulages

Од 1989 година, овогодишните добитници се архитекти консултанти за Националниот парк во вулканската зона Ла Гароткса (National Park of the Volcanic Zone of La Garrotxa), а како нивни најзначајни објекти се сметаат: Атлетската патека Тосол-Басил во Олот (Tossol-Basil Athletics Track, 2000), Шпанија; Библиотеката Свети Антони-Хуан Оливер, центарот за возрасни и градината Кандида Перез (Sant Antoni – Joan Oliver Library, Senior Citizen’s Centre and Cándida Pérez Gardens, 2007) во Бареселона; Винаријата Бел Лок (Bell-Lloc Winery, 2007) во Паламос (Palamos), Шпанија; Градинката Ел Петит Компте (El Petit Compte Kinbdergarten, 2010) во соработка со Ј. Пуигкорбе (J. Puigcorbé) во Бесалу (Besalú), Шпанија; Шаторот за Лес Колс ресторанот (Les Coles Restaurant Marquee) во Олот; Јавниот отворен простор на театарот Ла Лира (La Lira Theatre Public Open Space) во соработка со Ј. Пуигкорбе во Риполи (Ripoli), Шпанија; Музејот Соулагес (Soulages Museum) во соработка со Г. Трегует (G. Trégouët) во Родез (Rodez), Франиција, и Уметничкиот центар Ла Кусине (La Cuisine Art Center) во Негрепелис (Nègrepelisse), Франиција. Преку своите проекти тие го оставиле својот творечки белег низ Каталонија, Шпанија, и пошироко во Европа.

Покрај својата творечка работа како архитекти, во 2013 година господинот Аранда, госпоѓата Пигем и господинот Вилалта ја основале фондацијата РЦР БУНКА (RCR BUNKA Foundation) со цел да се поддржи архитектурата, пејзажната архитектура, уметноста и културата во општеството преку која тие даваат дополнителен придонес во овие области.

Во извештајот на жирито, меѓу другото, се вели: „Ние живееме во свет кој е глобализиран и се потпираме на меѓународните влијанија, трговија, дискурси, трансакции и др. Но сè повеќе и повеќе лица стравуваат дека заради меѓународните влијанија… , ние ќе ги изгубиме нашите локални вредности, нашата локална уметност и нашите локални обичаи. Рафаел Аранда, Карме Пигем и Рамон Вилалта ни кажуваат дека можеби е можно да ги имаме обете. Тие ни помагаат да видиме, во најубавиот и најпоетичниот можен начин, дека одговор на прашањето не е ‘или едното или другото’ и дека ние, барем во архитектурата, може да посакуваме да ги имаме обете; со нашите корени цврсто на место и нашите раце испружени кон остатокот на светот“.ROW1

Куќа Row

ROW

Господинот Прицкер изјавил: „Жирито селектирало тројца архитекти кои работеле заедно скоро три децении. Господинот Аранда, госпоѓата Пигем и господинот Вилалта имаат оставено белег на својата струка, кој се протега многу подалеку од нивното непосредно опкружуавње. Нивното творештво се протега од јавни и приватни простори до културни центри и образовни институции, и нивната способност интензивно да се надоврзат на опкружувањето спцифично за секоја локација, е доказ за нивниот процес и длабокиот интегритет“.

les cols1

Ресторан Les Cols Marquee

rcr-arquitectes-hisao-suzuki-les-cols-restaurant-marquee

Добитниците на овогодишната Прицкерова награда за архитектура Рафаел Аранда, Карме Пигем и Рамон Вилалта, укажуваат на можноста на помалку експонирани архитекти кои оперираат од своето родно место во провинција на својата земја, а не од некоја светска метропола, преку квалитетот на своето творештво и посветеност кон уметноста на архитектурата, да се искачат до највисокиот пиедестал на светската архитектура. За нив, пејзажната архитектура и архитектурата се споени за да создадат објекти кои интимно се поврзани со местото и времето.

la-lira-theater-public-open-space-rcr-arquitectes-hisao-suzuki-03

Театар La Lira

La lira

 

 

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top