Насловна / Архитектура / Белград ја добива првата „зелена“ зграда

Белград ја добива првата „зелена“ зграда

Поранешната зграда на „Беобанка“ која со години заради запуштеноста и негрижата беше синоним за грдото лице на Белград, нашла нов сопственик и нова намена. Новиот сопственик на зградата е белградскиот огранок на проектантската куќа  Stattwerk  од Германија, со цел истиот да го трансформира во деловно – комерцијален објект. Тоа што е посебна одлика во однос на остатокот од градот, е идејата на компанијата Stattwerk, за целосно обвиткување со растенија на надворешните ѕидови на зградата, со што Белград би ја добил првата „зелена“ зграда. На овој начин би се создало пријатно опкружување, но и би се поттикнала свеста кај пошироката заедница за прашањата од областа на животната средина. Планирано е во зградата да биде сместен продажен салон за електрични возила, како и деловен простор наменет за „зелени“ компании, организации и стартапи. Освен изобилството од зеленило, објектот ќе има и напреден систем за собирање и користење на дождовницата, соларни панели и ветрогенератори.

beobanka 5

beobanka 2

Инаку, компанијата Stattwerk, која се занимава со пренамена на некогашни фабрики и складишта во станбени и деловни објекти, за зградата на „Беобанка“ има издвоено  4,25 милиони евра. Објектот датира од 1960 година и граден е за потребите на компанијата „Енергопројект“. Подоцна преминува во сопственост на „Беобанка“, која во 2002 оди во стечај. Зградата оттогаш постепено пропаѓа, а нов сопственик добива по серијата неуспешни тендерски постапки кои започнале уште во 2009 година.

beobanka 6

beobanka 1

beobanka 4

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top