Насловна / Вести / „БАУМА Минхен“ – саем на градежништво кој и натаму ги надминува сите очекувања

„БАУМА Минхен“ – саем на градежништво кој и натаму ги надминува сите очекувања

Со слоганот „Пулсот на нашата индустрија“ во Минхен, од 11 до 17 април, беше отворен 31. по ред саем БАУМА, најголемиот светски саем за градежништво, градежни машини и опрема. Сите најсилни играчи од градежната индустрија беа таму, во Минхен!

Саемот што се одржува секоја трета година, свечено го отвори шефот на германската влада и министер за економија на таа земја, Sigmar Gabriel.bauma _6

Вкупно 3.400 фирми од 60 земји од светот, на посетителите им ги претставија најсовремените достигнувања, механизација, опрема и производи од градежниот сектор. БАУМА го зафаќа секој од 575.000 квадратен метар саемски простор, а првпат досега изложувачите што беа на листата на чекање а не успеаа да добијат простор, беа сврстени во on-line каталогот на саемот.bauma _5

И оваа година, на овој меѓународен стручен саем (поделен во четири сектори) се појави градежната елита од областа на градежни машини, машини за изработка на градежен материјал, опрема за рударство, градежни возила и градежна опрема. bauma _4

Така, на саемот можеа да се видат градежни возила, градежни машини, опрема за подигање на товар, возила за ракување со материјали, градежни садови, метален алат за градежништво, специјален алат, машини, градба со бетон, машини за производство на бетон, однапред изработени бетонски единици, машини за градежни материјали, малтер, гипс во градежништвото, градежни материјали, прибор, сервиси, технологија на тестирање, мерни системи, регулаторна и контролна технологија, комуникациона технологија, здравје и безбедност при работа, навигациона технологија, технологија на пакување…bauma _3

Домаќин на саемот беше Messe München International (MMI), а местото на одржување Messestadt Riem fairgrounds (Neue Messe München).bauma _2 bauma _1

Испрати коментар

Scroll To Top