Насловна / Вести / „Баду“ во Порта Влае – револуционер во рециклирање

„Баду“ во Порта Влае – револуционер во рециклирање

IMG_3716

 

Зелената боја е одлика на познатата пејачка Ерика Баду по која е наречено и скопското кафуле „Баду“ во Порта Влае,  а во нејзино име е и заштитната боја на ентериерот на ова кафуле, како и зелените еколошки активности на сопствениците Оливер Тодоровски, Драган Димовски и Владимир Пешков.

IMG_3730

Зелената приказна започнува со желбата на овие млади луѓе да заштедат при уредувањето на внатрешниот и надворешниот дел на „Баду“, а подоцна продолжува со голем ентузијазам за рециклирање и реупотреба на материјали и конечно преминува во традиција и заштитен знак на едно екокафуле во рамки на можностите во Скопје.

Сте помислиле ли дека некогаш кадата може да биде удобен двосед?

IMG_3610

Сопствениците за таа цел првично употребиле дрвени палети наместо столици, секако со обработка, обликување и фарбање. Споредбено, преработката на еден ваков двосед чини колку цената на две просечни столици во салоните за мебел. На сличен начин се изработени и сандаците коишто во моментов се масички и му даваат уникатен изглед на кафулето. Според нив на овој начин и гостите се чувствуваат поудобно, а атмосферата е поопуштена. Секако за време на дружењето главниот фокус е на муабетот, но ентериерот создава атмосфера што треба да го овозможи тоа.

IMG_3679

Во внатрешниот дел двоседите се заменети со обработени кади за во бања, полици од рециклирани штици, уникатни лустери и прекрасно рачно изработени колажи поставени на ѕидовите. Полиците ги красат и уникатни старински украси, часовници и сл.

Позитивен пример за гостите, соседите и другите кафулиња

Според сопствениците, идејата е одлично прифатена од гостите и најчесто коментарите се дека никогаш не би им текнало дека од некој предмет што го имаат во визбата или во гаражата, може да направат корисни предмети што ќе се употребуваат уште многу години.

IMG_3596
Исто така една од најинтересните реакции е на дистрибутерите на пијалаци кои ги забележале лустерите изработени од празни стаклени шишиња од пијалаци и од лименки.
Многу често, гостите и соседите коишто живеат или работат во околината на „Баду“ веќе ги применуваат искуствата во рециклирањето на материјали во нивните домови или во работниот простор.

IMG_3616

Кафулето позитивно влијаеше и врз голем број кафулиња во градот, пред сè затоа што овозможува креативност и уникатност во внатрешниот и надворешниот начин на уредување на објектите. И можеби сè изгледа едноставно, но сепак според сопствениците треба голема посветеност и енергија како и постојано надоградување. Сепак резултатите од практичен и од еколошки аспект се најголема награда, покрај бројните награди добиени од Градот Скопје и од „Пакомак“.

IMG_3765

Пакомак помага во селекцијата на отпадот

Во оваа дејност еден од покомплицираните проблеми е одложувањето на отпадот, бидејќи одговорните компании за оваа намена сè уште не нудат соодветни услови за селекција. Во пресрет на сопствениците на „Баду“ излегува Пакомак, па се организира селекција на стакло, што некогаш достигнува и количина од 100 килограми, што во вообичаени услови би било сложено да се транспортира до депониите.

IMG_3666

Во кафулето не се користи пластична амбалажа, ниту сокови во шишиња, туку се послужуваат единствено сокови од свежо цедени овошја.

IMG_3794
Сопствениците во иднина очекуваат промена на некои законски регулативи кои би овозможиле полесно функционирање на кафулињата, со што почесто би биле поздравени еколошките идеи. Според нив ние не можеме целосно да го смениме светот, но можеме да се обидеме.

IMG_3708

 Пишува: Соња Таневска

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top