Насловна / Вести / Автопатска делница Кичево – Охрид: Значајна врска за поврзување на Јадранот и Црно Море

Автопатска делница Кичево – Охрид: Значајна врска за поврзување на Јадранот и Црно Море

Општо е познато дека добро осмислените инвестициони проекти во градежништвото и енергетиката се основа за развој на општеството, но за да се дојде до нивна реализација е потребно комплексно повеќеслојно планирање и преземање на многубројни активности од стратешки, техничко-економски, социјален и друг аспект во тек на долг временски период.Avtopat Kicevo-Ohrid 1

Интересно е што, иако Република Македонија по територија е мала држава, во моментот се во изведба поголем број големи капитални проекти во инфраструктурата.

Таков е и случајот со делот од патниот коридор  К-8 од граница со Бугарија (г.п. Деве Баир) до граница со Република Албанија, односно делницата  Кичево – Требениште – Струга – гр. со Албанија (г.п. Ќафасан ) и со кракот од Подмоље до Охрид. Ова е значајна врска која, кога ќе се докомплетира, ќе овозможи поврзување на Бургас – Софија – Деве Баир – Скопје – Охрид – Ќафасан – Тирана – Драч – Јадранско Море со Бриндизи (Италија).Avtopat Kicevo - Ohrid mapa01

Коридорот К-8 претставува и главен патен правец во патната мрежa на Република Македонија и обезбедува сообраќајна комункација од меѓународно значење. Во патната мрежа на државава, според поранешната ознака е магистрален пат со меѓународно значење означен како М2 и М4/Е65. Според новата ознака е  категоризиран како автопат со ознака А2.tabela

Техничката документација за автопатското решение Кичево – Охрид, поточно автопат А2, делница Кичево – Требеништа – крстосница Подмоље – Охрид, е изработена во пет одделни секции и тоа:

Секција Кичево – Подвис

Делницата Кичево – Подвис се надоврзува на претходно изготвениот и прифатениот Главен проект Букојчани – Кичево. Почетокот на делницата е во непосредна близина на градот Кичево и завршува до селото Подвис.

Според експлоатационите карактеристики, режимот и видот на сообраќајот на оваа делница, таа се третира како автопат. Класата на теренот може да се карактеризира како ритчесто планински терен.DSC_5029

Генезата на современиот релјеф на делницата Кичево – Подвис од патниот коридор К – 8, се должи на доцно алпската етапа кога територијата на Западна Македонија била зафатена со орогени процеси и интензивна деструкција, кои се изразиле во формирање на современиот релјеф.

Делницата Кичево – Подвис од патниот коридор К – 8, се наоѓа помеѓу планините Дрен, Бистра и Илинска Планина. Во морфолошка смисла трасата ќе се пробие во терен кој е преставен со доминантен ридско-планински релјеф, со најниска кота на теренот од 660 метри надморска височина (мнв) и највисока кота на теренот од 852 мнв. Во зоната на обиколка на Кичево, трасата оди погоре од претходната, со што се избегнува автопатот да поминува низ населено место на делницата. За нивелетското решение на трасата е водено посебно сметка, бидејќи трасата поминува низ исклучително тешка природна конфигурација. Трасата се карактеризира со голема испресеченост на суводолици, водотеци и голема стрмност на косините на теренот.DSC_4907

При ваква конфигурација на теренот е тешко да се постигне оптимално нивелетско решение, бидејќи со мало поместување, распадно се зголемува ископот односно насипот на патот.

 Секција Подвис –Пресека

Делницата Подвис – Пресека се надоврзува на претходно изготвениот главен проект Кичево – Подвис. Почетотокот на делницата е во атарот на Подвис и завршува зад тунелот Пресека. Со претходната документација е извршен избор на оптималната варијанта, одредена е точна микролокација на трасата на автопатот, одредена е генерална нивелета во однос на теренот. Хоризонтално и вертикално е усогласена со претходната делница.

Граници на истражувањето на дадената делница ја опфаќа широката просторна целина од двете страни на автопатот на растојание од околу 1.000 метри од Подвис – Пресека. Класата на теренот може да се карактеризира како ритчесто-планински терен.DSC_5084

Планинскиот превој Пресека претставува природна вододелница. Генерално гледано, автопатот во оваа делница од почетокот се протега во правец исток – запад, а потоа се протега во правец север – југ. Од почетокот на трасата, во атарот на село Извор трасата оди покрај акумулацијата Подвис, предвидена со водостопанската основа на Република Македонија. На овој дел теренот е доста испресечен и стрмен и изнудува решение со голем број објекти (мостови и вијадукти).Avtopat Kicevo-Ohrid 4 DSC_4933

Трасата се наоѓа на десната страна од реката Треска. Од Извор трасата оди паралелно со водотекот на Треска. Од село Кленоец трасата оди во правец на село Попоец и поминува покрај урбанизирана зона на истото село кое е изградено во долината на селскиот поток. Превојот Пресека е поминат со тунелски објект долг 1.800 м. До влезот во тунелот трасата навлегува во изразито испресечен и стрмен терен, а конфигурацијата е таква што со какво било поместување на трасата овие јаруги не може да се избегнат. Во хоризонтална смисла трасата е со мали прекршни агли и овозможува несметана примена на пропишани геометриски елементи за брзина од 100 километри на час.DSC_5049

Секција Пресека – Песочани

Делницата Пресека – Песочани се надоврзува на претходната делница. Почетотокот на делницата е во атарот на Пресека и завршува кај Песочани. Предметната делница на автопатот води од превојот Пресека, кој се наоѓа меѓу Кичево и Охрид, покрај селото Песочани, и завршува пред Ново Село. Пределот долж трасата е релативно ретко населен, со малубројни населени места. Делницата започнува во рамнинскиот дел после спуштањето од превојот Пресека (околу 980 мнв). Трасата води низ благо брановиден терен меѓу околните брда и планини (Присој, Манастирец, Клепалце, Чарлоица, Мала Брежаинца, Дрен, Пучигар, Краста, Поленка, Присој и Кула). Надморската височина се движи меѓу 780 и 850 м.

Со претходната документација е извршен избор на оптималната варијанта, одредена е точна микролокација на трасата на автопатот, одредена е генерална нивелета во однос на теренот. Хоризонтално и вертикално е усогласена со претходната делница. Класата на теренот може да се карактеризира како ритчесто-планински терен.DSC_5047

Секција Песочани -Требеништа

Границите на истражувањето на дадената делница ја опфаќа широката просторна целина од двете страни на автопатот на растојание од околу 1.000 метри од Песочани – Требеништа. Класата на теренот е утврдена со стручни консултанти на нвеститорот и таа може да се карактеризира како ритчесто-планински терен. Пресметаната брзина е 100 km/h. Делницата Песочани – Требеништа од патниот коридор К – 8 се наоѓа помеѓу планините Караорман, Галичица и Илинска Планина и во морфолошка смисла трасата ќе се пробива во терен кој е претставен со рамничарски терен и ридско-планински релјеф со најниска кота на теренот од 715 мнв и највисока кота на терен од 812 мнв. Истражуваната делница се наоѓа во зони каде се констатирани различни геоморфолошки структури кои се со наклони и до 7%, а локално и повеќе. Целиот терен е испресечен со голем број суводолици и вододелници со различни димензии (и по длабина и по ширина).DSC_5038

Секција Требеништа – Подмоље – Охрид

Предметната делница на автопатот води од Требеништа преку Подмоље кон Охрид, во правец север – југоисток. Пределот долж трасата е релативно густо населен, со бројни рекреативни, културно историски, угостителски, сервисни и други објекти. Должината на делницата изнесува 10.263 метри. Трасата води низ речиси рамничарски дел, со просечна надморска височина од околу 700 метри, односно во поглед на надморската височина се работи за доста униформни услови.

Изведбата на овој објект е доделена на конзорциум на кинеската компманија SYNOHIDRO, но е многу значајно што во изведбата се вклучени голем број реномирани компании од кај нас како ГРАНИТ, ТРАНСМЕТ, ИЛИНДЕН – СТРУГА  и други, а надзорот се врши исклучиво од наш кадар од конзорциум на компаниите Градежен институт Македонија, ГЕИНГ и Еуроконсалтинг од Скопје.

Инвеститор на работите е Владата на Република Македонија преку надлежното Јавно претпријатие за државни патишта. Вкупната должина за изведба е 56.707 метри.

Изработениот проект предвидува изведба на две коловозни ленти и една помошна лента за застанување за секој правец и зелен средишен појас. Долж автопатот ќе има 22 мостови вијадукти, седум армирано-бетонски мостови, шест надпатници и 13 подпатници. Еден од најзначајните инфраструктурни објекти кој треба да се реализира е тунелот Пресека.DSC_5081

Долж целата траса ќе се постави модерна опрема за безбедност во сообраќајот: заштитна ограда, звучни и други сигнални уреди. Максималната дозволена брзина ќе биде ограничена на 120 километри на час. Со започнување на изградба на делницата Кичево – Охрид, вкупниот број на километри автопат коишто во моментов се градат во земјава се искачи на 132 километри, вклучувајќи ги делниците Миладиновци – Штип и Демир Капија – Смоквица.

Приказот на овој инвестициски проект, несомнено, укажува на добра перспектива за развој на градежништвото гледано на среден рок но и подолгорочно. Успешното планирање на сите активности ќе има големо значење за економијата на државата и регионот. Инаку, во фаза на избор е и компанија која ќе го иновира проектното решение од Гостивар до Кичево, со што се очекува да се комплетира овој значаен проект.

Пишува: д-р Златко Зафировски, дипл.град.инж.

Испрати коментар

Scroll To Top