Насловна / Вести / Автономно електрично возило за превоз на 12 луѓе

Автономно електрично возило за превоз на 12 луѓе

Американската компанија „Local Motors“ создаде автономно електрично возило за превоз на 12 луѓе.

Оваа компанија стана позната минатата година кога на јавноста ѝ го претстави автомобилот отпечатен со 3D печатар. Година дена подоцна, луѓето од компанијата го произведоа и првиот автономен електричен минибус наречен „Оли“. Local-Motors

Опремен со LIDAR (Light Detection and Ranging) технологија, камери и сензори, „Оли“ е во состојба самостојно да ја вози зададената рута.

Возилото тешко 1.5 тони како погон користи електромотор кој произведува 30 kW и развива 125 Nm максимални обртни моменти. Според податоците на произведувачите, „Оли“ моментално е во состојба да развие скромни 20 километри на час и да помине 50 километри пред да се испразни неговата батерија.

Иако на прв поглед перформансите не делуваат убедливо, ова е сосема доволно за тип на возила кои би се користеле во универзитетските кампуси, големите хотелски комплекси како и туристичките разгледи на знаменитостите во големите градови.local-motorss

Првиот примерок на овој минибус веќе започна да вози во американската сојузна држава Мериленд. Возењето засега го надгледува оператор, кој е тука во случај на непредвидени ситуации.

И додека во светот се’уште се водат дискусии за законите кои ќе го регулираат сообраќајот на автомобили без возачи, компанијата соопшти дека ќе преземе целосна одговорност за евентуалните инциденти кои би ги предизвикал минибусот.
До крајот на годината компанијата ќе произведе едно возило кое ќе се користи во Лас Вегас, два минибуси за клиенти од Флорида и четири примероци кои ќе патуваат до Данска.

Испрати коментар

Scroll To Top