Насловна / Вести / Автомобилската индустрија на пресвртница

Автомобилската индустрија на пресвртница

GEAR2030

Групата на високо ниво  „GEAR 2030“ го објави Извештајот за глобалната конкурентност и одржливиот раст на автомобилскиот сектор. По тој повод, Европската комисија ги собра претставниците на јавниот и приватниот сектор кои препорачуваат вложувања во чисти возила со нулта емисија и автоматизирани возила.  Европскиот секретар за индустрија  Elżbieta Bieńkowska го поздрави извештајот: „Автомобилската индустрија е на пресвртница. Скандалот со емисиите сериозно наштети на нејзиниот углед и доверба, бидејќи во прашање се јавното здравје и животната средина. Очекувањата на општеството се менуваат, а глобалната конкурентност е на високо ниво. Овој iзвештај претставува добра основа за нов почеток. Се радувам што има голема поддршка  кај државните тела и индустријата. Со блиска соработка можеме да ги оствариме своите цели.”

GEAR2030-automotiv

Комисијата сега ќе ги разгледа препораките и ќе ги истражи можностите за нивна примена во рамките на своите политики. Во подготовка веќе се бројни иницијатив, како на пример претстојниот втор пакет на мерки за мобилност, кој опфаќа построги стандарди за емисиите на  CO2, како и иницијативата за развој и производство на батерии во Европа.

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top