Насловна / Вести / „Audi“ разви нов вид на дизел гориво

„Audi“ разви нов вид на дизел гориво

Audi e-diesel

Во идеален свет без загадување, сите би возеле електрични автомобили и автомобили на водород. Автомобилскиот гигант „Audi“ е свесен дека општеството не стигнало до тој степен, но има решение за сите кои возат конвенционални автомобили. Неодамна компанијата произведе е-дизел, синтетички дизел кој се базира на јаглерод диоксид и вода, достапни соединенија кои се помалку штетни за околината од сулфурот и другите состојки на дизелот.

audidisel (2)

„Audi“ тврди дека се работи за облик на зелена енергија поради начинот на производство на ова гориво. Со загревање на водата по пат на електролиза се извлекуваат водород и кислород. За процесот е потребна температура од 800 степени Целзиусови. Потоа, јаглеродниот диоксид под висок притисок реагира со водородот во синтетички реактор, при што се добива сина сирова течност, од која со рафинирање се добива е-дизел. Добра вест е што горивото е погодно за сите дизел мотори без потреба од каква било модификација. Ќе може да се користи во комбинација со класичен дизел или како самостојно гориво. „Audi“ не ја наведува количината на емисија на штетни гасови од новото е-дизел гориво.

 

 

 

 

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top