Насловна / Арт и дизајн / Астрономскиот часовник во Прага ќе биде недостапен за туристи шест месеци

Астрономскиот часовник во Прага ќе биде недостапен за туристи шест месеци

Астрономскиот часовник, една од најпознатите знаменитости на Прага, и најстар од тој вид кој работи во светот, со месеци ќе биде недостапен за туристите поради реконструкција на старата зграда на Градското собрание.

Работници, од вторникот, почнаа да подигаат скелиња околу кулата која низ историјата има претрпено оштетувања, најмногу во периодот на Втората светска војна.clock

Кулата од која се пружа величествен поглед на сликовитиот Стар град, ќе биде целосно затворена за посетители од мај до декември.

Астрономскиот часовник кој датира од 1400 година ќе работи до јануари, а потоа ќе биде симнат заради реставрација, изјави портпаролот на Градското собрание Вит Хофман.Prague.Astronomical.Clock

Тој рече дека часовникот ќе биде целосно расклопен, а повторно ќе биде поставен во јуни или јули следната година.

Часовникот од 1410 година го направиле саатчијата Микулаш од Кадан и Јан Шиндел, професор по математика и астрономија на Карловиот универзитет во Прага.

Испрати коментар

Scroll To Top