Насловна / Вести / Асфалтирање на транзитниот дел во Крушево во должина од 2,4 километри

Асфалтирање на транзитниот дел во Крушево во должина од 2,4 километри

Krusevo 3

Денес завршува асфалтирањето на транзитниот дел од регионалниот пат низ Крушево во должина од 2,4 километри.

Според директорот на ЈП за државни патишта Александар Стојанов, за оваа градежна активност од буџетот на ЈП за државни патишта се обезбедени средства во висина од четири милиони денари.Krusevo 1

Исто така, завршени се и градежните активности на делови од делниците Крушево – Сладуево и Демир Хисар – Граиште – Света, каде во рамките на програмата за одржување на државните патишта се изврши поправка и рехабилитација на коловозот.

Испрати коментар

Scroll To Top