Насловна / Вести / Асфалтирање на 10 сообраќајници во Штип

Асфалтирање на 10 сообраќајници во Штип

asfaltiranje na ulica mirce acev stip

Луѓето кои на почетокот на јуни дојдоа во Штип со цел да го следат фестивалот „Макфест“, имаа поинаква опсервација за она што се случува во градот под Исарот. Можеби немаше еуфорија за музика, но затоа пак со задоволство се коментираше дека во Штип е преземена голема офанзива на асфалтирање на локални улици и сообраќајници.asfaltiranje na sremski front stip

Подобрувањето на патната инфраструктура во градот и селата е приоритет на градоначалникот прим.м-р Илчо Захариев и Советот на Општината. Од стартот на градежната сезона на почетокот на мај, за само еден месец се асфалтирани десетина улици, а планот предвидува уште толку до крајот на летото. Инвестирани се над 17 милиони денари во локална патна мрежа а течат тендерски постапки за уште десетина улици:

- Наша цел е да ги асфалтираме сите сообраќајници во градот. Сообракајници кај кои не е интервенирано повеќе од 30 години. Досега се завршени „Славчо Стојменски“, „Маршал Тито“,  дел од „Вита Поп Јорданова“ и „Мирче Ацев“, како и „Карл Маркс“ каде се одржува Пастрмајлијадата, потоа една од најдолгите улици во градот „Сремски фронт“, па „Џемаил Бједиќ“, дел од „Радански пат“ до „Черења“.Нов асфалт има и „Д-р  Слободан Јовановски“ која води до штипската касарна, а ќе се работи и „Булевар ЈНА“. Во тек се зафатите и на улицата „Христијан Карпош“ – вели штипскиот градоначалник Захариев.

asfaltiranje na ulica slobodan jovanovski stip

Тендерски постапки течат за улиците во населбата „Деснаци“, за втор крак од „Радански пат“, за „Вардарска“, „Сутјеска“ пред  ОУ „Гоце Делчев“, „Широк  дол“, за улица „Лески“ во Бабите која целосно ќе биде асфалтирана од градинката до ОУ „Славејко Арсов“, потоа тендерска  постапка тече за „Тодор Коларов “, „Маршал Тито“ втор дел од детската градинка „Вера Циривири-Трена“ кон леваците покрај Отиња.

asfaltiranje na sremski front2 stip

Во овој период во тек е и тендерска постапка за селото Чардаклија каде во план е изградба на улици во должина од околу еден километар, а ќе се инвестира и во населбата „Железничка“ на влезот во Штип каде асфалт ќе добијат повеќе улици. Ќе се асфалтира и пристапниот пат до игралиштето во Блок 2000 кое е направено со донација од ФИФА преку ФФМ, а во план е асфалтирање од терминалот до бензинската  пумпа на Лукоил.

asfaltiranje na sremski front1 stip

Тендерска постапка тече и за улицата „Драги Крупишки“, а она што особено е важно за Штип е што општината планира изградба на кружен тек на Булеварот „Гоце Делчев“, по влегувањето во Штип, кај крстосницата под хотел „Изгрев“. Паралелно со новиот кружен тек, ќе се оформи и влезот во Штип при доаѓање од Велес, што значи нов асфалт и уредување на патот од кружниот тек до Кампус 4 на Универзитетот „Гоце Делчев“. Со веќе асфалтираниот пат на влезот во Ново Село од Радовиш, ако се асфалтираат и другите два пристапи од Кочани и од Велес, тогаш ќе успее замислата да се уредат сите влезови во Штип.

asfaltiranje na slavco stojmenski stip

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top