Насловна / Архитектура / Архитектурата на Московска област – 2

Архитектурата на Московска област – 2

Московска област

Површина  444 000 км2. жители над 7 милиони. Се простира во радиус од 100-150 километри. околу Москва, надвор од најголемата кружна сообракајница на Москва МКАД, со повеќе градови до 300.000 жители и безброј села и вилски населби “поселок”, со густина на населеност од 160 жители на квадратен километар. Тоа е прекрасната околина на мегаполисот Москва со околу 12 милиони жители. Многу историски и манастирски комплекси, шуми кој се повеке од 40% од просторот на областа, многу езера и реки. Со една реченица тоа е рајскиот дел на Москва.

Во малиот серијал што го започнав, ке се задржам на убавата страна на Подмосковјето, природата, станбените куќи и викендичките и нивните прекрасните дворови. Ке бидат спомнати и некој додатни содржини на просторот, како и објекти изведени од наши градители.

За почеток и мал увод со галерија  на вили – ” дачи”, со типична руска архитектура , со користење на дрвото како главен материјал, коси кровови и многу весели бои на фасадите,ентериерот и дворовите.daci ruski 1Daci stari na arh.rus ruski daci 2 daci 4 daci ruski Daci stari daci 5

Во последните дваесетина години ,по распадот на СССР ,како се менуваше архитектурата на на

централното јадро на Москва во супер модерна светска архитектура, така и архитектурата на Подмосковје претрпе револуција.Младата генерација на руски архитекти “експлодира “ со нови слободарски идеи, /кои во стариот систем беа потиснати/ и  примена на современи материјали, па дури традиционалниот рамен кров доби јака конкуренција во рамниот. И секако најимпресивно за мене, што прекрасната околина е влезена во архитектонските решенија , како и цветните бавчи- “сад”, кои станаа култни.

Типично за вилските населби во Подмосковје ,па и низ цела  Русија е тоа, што тие се групирани во затворени реони со по 20-30 објекти со обезбедена заштита и секако беспрекорна инфраструктура. Сообраќајните врски со Москва се со нови патишта а, железницата е сеприсутна, како и водениот сообракај. За русите е закон да во петокот ,по скратениот работен ден, се замине на дача. Сообраќајните закрчувања од неколку часа на одење и во неделите на враќање , не им се проблем. Секој сака да има вила и да ја користи за “откачување”-на руски начин со многу јадење и се разбира уште повеќе вотка.105495 105500 115253 127154 129326 139276 139284 90124 105503 115254 115262 139274 139283 139291DACI NOVI 1 DACI novi2DACI novi1DACI novi


[i]

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top