Насловна / Архитектура / Архитектура на Московска област -3 / Модерни куќи на село

Архитектура на Московска област -3 / Модерни куќи на село

Модерни куќи на село – „town houses“

Во пролетта 2004 година, една група архитекти под водство на Владимир Биндеман, основаа дружина „Arhitektorium“, која победува на конкурс за Модерна куќа на село во реонот на Ново Архангелское – Московска област. Целта беше да се отпочне со изградба на станбени групации во низа, во кои ќе се живее градски во амбиент на модерните западни села, блиску до и во природата на прекрасното Подмосковие. Се разбира, за средниот слој на луѓе, што не можат да си дозволат индивидуален дом, а не сакаат да живеат во дваесеткатниците на станбените населби на мегаполисот, оваа солуција беше идеална шанса која многу бргу стана стил на мнозина, и такви мали станбени комплекси од типот на „town houses“ ги преплавија шумовитите предели на Московска област.

Ново Архангелск565065650756506

Ромашково165126

Ришка четвт123292123278123280123287123293

Полека, тие „села“ добиваат потребни додатни содржини: спортски, угостителски, трговски и сè што е потебно за живеење во градски амбиент. Дружењето е загарантирано или како што се изразуваат купувачите  – не сакаме куќа, сакаме  ДОМ. Инфраструктурата, не трба ни да нагласувам, е секогаш максимално и навреме развиена. Во една реченица, секој што сака да живее во градски амбиент но на село – го добива во Подмосковските „town houses“.

Западната архитектура е влезена длабоко во урбанизацијата на Московската област, но секако со нагласен руски и мора да се признае, пред сè, човечки – хуман карактер на живеење со природата, далеку од московската џунгла.

 

Олимписко село Новогорск13904051038150160150174

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top