Насловна / Вести / Архитектите го бојкотираат проектот за „барокна“ фасада на Ибни Пајко

Архитектите го бојкотираат проектот за „барокна“ фасада на Ибни Пајко

На тендерот на град Скопје за „барокна“ фасада на објектот Ибни Пајко не се јави ниту еден архитект. Повикот на Асоцијацијата на архитекти на Македонија (ААМ) за бојкот на овој проект беше послушан од архитектите. Комисијата за овој тендер не отворила ниту една понуда.ibni_pajko

Градските власти најавуваат распишување на уште еден тендер за „барокната“ фасада на овој објект, а од ААМ велат дека ќе го повторат повикот за бојкот.

„ААМ смета дека единствениот начин да се стави крај на скрнавењето на градот е бојкот од архитектите изразен со неучествување во изработување на нарачаните проекти. Оправдувањата на дел од колегите дека изработување на основен проект не значи и авторство на делото до некаде се точни, но значи дека си соучесник во уништувањето на градот“, повика асоцијацијата на архитекти.

Испрати коментар

Scroll To Top