Насловна / Арт и дизајн / Археолозите откриле како била изградена Големата пирамида во Гиза

Археолозите откриле како била изградена Големата пирамида во Гиза

Археолозите открија низа фасцинантни докази кои ја решаваат една од најголемите мистерии на светот. Како општеството од бронзена доба, кое не било технолошки развиено, успеало да ги помести огромните блокови на камења и гранит од кои се изградени пирамидите во Гиза.

Неодамна откритие на натписот на антички папирус, на древниот чамец и генијалниот систем на водени канали, фрли ново светло на импозантната инфраструктура која ја создадоа градителите на Гиза.piramidi

На парчето папирус кој е пронајден во пристаништето Вади-ел-Џарф, а кое лично го пишувал надзорникот Мерер водачот на тимот од 40 елитни градежници, детално опишал како 170.000 тони тешки блокови се пренесени од Нил до Гиза (секој блок тежел 2,5 тони).

Работниците ќе ги натовареле блоковвите на древните бродови кои биле меѓусебно поврзани со јажиња, а потоа со бродовите пловеле низ каналите до внатрешноста на пристаништето, кое било оддалечено само неколку километри од пирамидата. Работниците всушност преку патот на каналот, го пренасочувале текот на реката Нил.

Иако веќе долго се знае дека гранитните блокови од кои се изградени пирамидите, се доопремени од Асван, 855 метри јужно од Гиза, а блоковите на варовник од Тура, осум километри понатаму, сепак археолозите не можеле да се согласат со тоа како градежниот материјал точно е транспортиран.piramidi1

Остатоците од каналот се пронајдени под прашливото плато во Гиза, како и главниот базен во кој се вршени главните испораки.

Во извршувањето на проектот учествувале неколку илјадници луѓе.

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top