Насловна / Вести / Археолозите откриле 17 мумии во Египет

Археолозите откриле 17 мумии во Египет

Египетските археолози откриле 17 мумии во катакомбите во провинцијата Минја, јужно од Каиро, соопшти денеска Министерството за антиквитети.

„Пронајдовме катакомби со голем број мумии во нив“, изјави Салах ал Коли, професор по египтологија од Универзитетот во Каиро, кој го предводел истражувањето во областа Тоуна ел Габал.timthumb.php

Во ископините се пронајдени 17 мумии, кои немале кралско потекло.

Коли на прес-конференцијата одржана во пустина во близина на археолошкото место изјави дека откритието претставува „првиот човечки некропол пронајден во централен Египет со толку многу мумии“.

Испрати коментар

Scroll To Top