Насловна / Архитектура / Аравена добитник на награда за одржлив развој за 2017

Аравена добитник на награда за одржлив развој за 2017

Alehandro Aravena elemental

Лауреатот на Прицкеровата награда за 2016 година, чилеанскиот архитект Алехандро Аравена годинава се закити со уште една награда. Се работи за „Наградата за одржлив развој на Гетеборг“ (Gothenburg Prize for Sustainable Development) меѓународна награда која се доделува на тимови или поединци за „извонредни постигнувања кон одржлива индина“. Наградата се доделува секоја година уште од 2005-та, а досега се наградени научници, инженери од областа на животната средина, политичари и сл. Аравена е првиот архитект кој ја има честа да ја добие наградата.

Alehandro Aravena nagrada za odrzliv razvoj

Во образложението за доделување на наградата, жирито, меѓу другото, вели: „Аравена е иновативен архитект кој заедно со своите колеги од Elemental креираат посебна филозофија на проектирањето, која ги вклучува граѓаните како решение а не како дел од проблемот. На тој начин се креираат мостови помеѓу граѓаните, бизнисот и политиката“.

Nagrada za odrzliv razvoj Gotenburg

Жирито при доделувањето на наградата балансирано ги вреднува сите аспекти на одржливоста: економијата, животната средина и социјалата. Наградата, која вклучува и паричен дел во вредност од еден милион шведски круни (околу 100.000 евра), ќе биде официјално доделена на пригодна церемонија на 22 ноември годинава во Гетеборг.

 

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top