Насловна / Екологија / Апели од Њујорк за заштита на климата

Апели од Њујорк за заштита на климата

455925358.0.0
На конференцијата на Обединетите нации за климата во Њујорк, генерелниот секретар на ОН Бан Ки Мун во своето воведно излагање ги повика светските лидери да преземат одговорност за намалување на климатските промени на планета. Сепак, тој не го истакна склопувањето на нов меѓународен договор како главна цел на оваа конференција. Тоа би требало да се случи на самитот што е планиран за крајот на следната година во Париз.

Се чини дека во Њујорк најважна беше симболиката. Некои шефови на влади и држави не присуствуваа на конференцијата. Меѓу останатите и германската канцеларка Ангела Меркел, како и претседателите на Индија и Кина.

Испрати коментар

Scroll To Top