Насловна / Вести / Амфитеатар во рамките на плоштадот „Скендер-бег“

Амфитеатар во рамките на плоштадот „Скендер-бег“

plostad skender beg

На есен ќе започне втората фаза од градежните работи на плоштадот „Скендер –Бег“. Иако овој проект наиде на поделени мислења кај граѓаните од општината не се откажуваат од довршување на изградбата, пишува „Нова Македонија“.
Од општина Чаир најавија дека наредната недела ќе биде објавен оглас на кој заинтересираните градежни фирми ќе можат да се пријават за да го градат вториот дел од плоштадот.
Основниот проект за втората фаза од изградбата е направен, а во наредните денови се очекува општината да го објави деталниот изглед на плоштадот. Дел од плоштадот над дуќанчињата кај стоковната куќа „Мост“ е веќе изграден, со што заврши првата фаза од проектот. Втората фаза вклучува покривање на сообраќајницата на потегот од улицата Филип Втори до стоковната куќа „Мост“. Во реализацијата на оваа фаза ќе се поставуваат фонтани, урбана опрема, клупи, а над покриените дуќанчиња ќе има градска тераса, но и амфитеатар пред платото на „Даут Пашин амам“. Како што велат од општината, ги имаат сите потребни документи за градба, а во моментов се испитува носивоста на почвата на булеварот Гоце Делчев, каде што треба да бидат поставени темелите. Булеварот ќе биде покриен, односно над него ќе се гради плоштадот.

Испрати коментар

Scroll To Top