Насловна / Вести / Активисти на Greenpeace влегоа во француска нуклеарна централа

Активисти на Greenpeace влегоа во француска нуклеарна централа

Членови на организацијата Greenpeace, кои сакале да укажат на сигурносните пропусти кај нуклеарните централи, влегле во една нуклеарна централа на југот на Франција. Се работи за нуклеарната централа Cruas-Meyesse, во близина на градот Motelimar.

FRANCE-ENERGY-NUCLEAR-EDF

Неколкумина активисти, од вкупно 22 кои се обиделе да влезат во централата, биле приведени од обезбедувањето, додека неколкумина успеале непречено да стигнат до базените со горивото. Од Greenpeace соопштуваат дека нивната цел била да докажат дека централата не е доволно заштитена од надворешни напади, и дека е лесно дури и да се предизвика пожар.

Greenpeace 1

Од француската агенција за нуклеарна сигурност ASN се соопштува дека безбедноста на централата во ниту еден момент не била загрозена и дека активстите не стигнале до опасната зона. Оператор на централата е компанијата EdF (Électricité de France).

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top