Насловна / Вести / Ајфелова кула со ветерни турбини

Ајфелова кула со ветерни турбини

turbina ajfel1

Една од најголемите знаменитости на Париз, Ајфеловата кула, од оваа недела стана нова икона на индустријата на обновлива енергија, со две ветерни турбини. Ветерните турбини во кулата ги вгради американската фирма „Урбан грин енерџи“.
turbina ajfel
Американскиот производител објави дека тие две ветротурбини можат да обезбедат околу 10.000 киловати струја годишно, што одговара на количината на енергија која во тек на една година ја троши комерцијалниот дел на првиот кат на кулата, пишува лондонски „Гардијан“. Производителот наведе дека двете турбини се речиси нечујни, а бидејќи се во боја, на кулата тешко се разликуваат од нејзината метална конструкција.

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top