Насловна / Вести / Електрични возила за германската пошта

Електрични возила за германската пошта

Elektricni vozila za germanskata posta

До 2020 година на германските улици би требало да има милион електрични возила. Меѓутоа, моментално се само 60.000. Поштата од пред неколку дена со електрични автомобили доставува пакети и писма. „Стритскутерот можеби и нема најдобро дизајнерско решение, но сигурно е дека е практичен” – смета германската министерка за заштита на животната средина Барбара Хендрикс. Членот на Управниот одбор на Германски пошти Јирген Гердез, за разлика од министерката Хендрикс, смета дека Стритскутерот е многу убав. Хендрикс и Гердез во Херлен покрај Ахен, на Поштата и предадоа илјада жолти автомобили со кои ќе се доставуваат пакети и писма.

Испрати коментар

Scroll To Top