Насловна / Вести / 50-ка повторно го чува ГТЦ

50-ка повторно го чува ГТЦ

Автобуската станица во Градскиот трговски центар од денеска повторно почна да функционира. Тука ќе застанува автобусот со број 50, кој сообраќа од Хиподром до Клиничкиот центар.

Со музички настан автобусот на ЈСП со број 50 се врати во ГТЦ. Автобусите повторно застануваат во подрумот каде што денеска имаше бина од која се пушташе музика.

Според градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, целта на враќањето на „пееска“ во ГТЦ е враќање на животот на трговскиот центар.

„ГТЦ го браневме, го гушкавме, излеговме на референдум, а сега е време да му го вратиме животот“, рече Шилегов.

Директорот на ГТЦ, Ѓоко Трајчевски, најави дека во иднина на постојката во подрумот ќе се врати и 57-ка.

Додека траеше музичкиот хепенинг, организиран од Град Скоје, полни „пеески“ неколку пати застанаа и симнаа патници на автобуската постојка.

imageedit__8690971426

Испрати коментар

Scroll To Top