Насловна / Хортикултура / Три декоративни дрвја и грмушки за разубавување на вашата градина

Три декоративни дрвја и грмушки за разубавување на вашата градина

Пролетта е периодот кога градините се шарени, воздухот мириса на разни цветови, а прошетките наоколу секојдневно ни изнудуваат насмевка. Доколку сакате да внесете поголем колорит во вашата градина, задолжително треба да засадите некое од следниве растенија:

Магнолија – Родот на магнолија го сочинуваат повеќе од 200 видови дрвенести растенија. Природниот ареал им се наоѓа во Источна Азија (претежно на листопадните видови) и Атланскиот дел од Северна Америка (зимзелените видови). Претставниците на овој род се јавуваат како дрвја или грмушки, најчесто со крупни листови и прекрасни цветови. Кај нас се најзастапени видовите Magnolia grandiflora, Magnolia Stellata и Magnolia liliflora. Најчесто се користат како солитерни дрвја, но исто така одделни видови како Magnolia grandiflora може да се сретнат во форма на линиски насади (дрвореди).

magnolia lili
Јапонска дуња – Chaenomeles Japonica е вид познат како јапонска дуња. Природниот ареал му се наоѓа во Источна Азија, а кај нас е донесена многу одамна, па често може да се сретне по дворовите, каде што највоочлива е во текот на пролетта кога бујно цвета. Ова е листопадна грмушка, многу едноставна за одгледување. Расте до еден метар во височина. Најатрактивна е во рана пролет кога започнува да цветаат многу убави, густи црвени, бели или розoви цветови.

jap dunja 3

jap dunja 2
Јасмин – Jasminum mesnyi е цветно декоративен вид по потекло од Источна Азија (Виетнам, Кина) и Средна Америка. Јасминумот е грмушесто растение кое расте до три метри во височина. Главна карактеристика му се силно жолтите цветови во пролет и лето. Има голема примена во уредувањето на просторот. Со оглед на тоа што е вид кој многу брзо се шири и напредува треба постојано да се крои.

jasminum

jasminum1

За комплетно хортикултурно уредување на вашите дворови, градини, балкони, кровни тераси – дозволете да се погрижи професионалниот тим за хортикултурно уредување на Биро Проект.

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top