Насловна / Вести / 11 годишно девојче во САД, со своја стратегија за обновливи извори на енергија

11 годишно девојче во САД, со своја стратегија за обновливи извори на енергија

На возраст од 11 години, децата главно се преокупирани со своите домашни задачи, додека веројатно истовремено се обидуваат да гледаат нова Netflix серија. Но, Алексија Браво од САД има далеку посериозни проблеми за решавање – спасување на планетата со обновливи извори на енергија. Нејзината преокупација е енергијата од океанските бранови, а резултатите од своите истражувања ги презентира и на годишниот собир на Американското Геофизичко Здружение (American Geophysical Union -AGU), каде е убедливо најмладиот учесник.

AGU 2

Овогодишниот прототип се состои од надградба на уредот за искористување на енергијата од брановите со компоненти за ползување на енергијата од ветерот и Сонцето.

AGU 1

По теоретската подготовка, Браво одлучила да создаде сопствен модел односно мал генератор, кој успеал да генерира мала количина на електрична енергија. Таа вели дека постојано го подобрува својот модел, па во оој момент кога мерењата ќе покажат дека прозиводството на електрична енергија е задоволително, ќе се обиде да направи прототип со поголема моќност кој би бил достапен за оние кои сакаат да користат обновливи извори на енергија.

Испрати коментар

Scroll To Top