Насловна / Вести / Мост на Калатрава во Далас не се пушта во употреба поради инженерски грешки?!

Мост на Калатрава во Далас не се пушта во употреба поради инженерски грешки?!

Мостот Margaret McDermott во Далас вреден 115 милиони долари не се пушта во сообраќај, бидејќи никој не сака да ја гарантира безбедноста на пешаците и велосипедистите.
Според проектот на познатиот шпански архитект Сантијаго Калатрава во Далас преку реката Тринити, реализиран е мост за сообраќај и за пешаци.далас

Иако требал веќе да биде оперативен, пешачкиот и велосипедскиот дел на мостот остануваат затворени до понатаму, бидејќи мостот покажува сериозни конструктивни грешки.
Имено, првиот проблем се појавил на почетокот на 2016 година, кога бил изграден последниот од четирите лакови на мост и кога на структурата се појавиле пукнатини поради силните ветрови. Подоцна, на 22 март 2016 година, повторно под притисок на силен ветер пукнал еден столб кој го носи пешачкиот дел од мостот. На 13 април пукнал уште еден, а дваесет дена подоцна пукнал и третиот, пишува „Далас Обсервер“.
Пренесување на одговорност
Како се случила оваа грешка? Според наводите на изведувачот, се работи за инженерска грешка, бидејќи конструкцијата не била добро пресметана ниту тестирана на ветер, додека Калатрава топката ја префрлува на изведувачите, бидејќи дошло до намалување на трошоците, а со тоа и квалитетот на изработката конструкција на мост.
Додека не се реши дилемата дали е безбеден за пешаците и велосипедистите, мостот од 115 милиони долари ќе остане затворен.

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top