Насловна / Вести / Тетовските екологисти бараат дислокација на претоварната станица

Тетовските екологисти бараат дислокација на претоварната станица

Tetovo pretovarna stanica za smet

Претставници на Иницијативата „За почисто Тетово“ денеска преку прес-конференција на локацијата кај дивата депонија на влезот од градот реагираа до општинските власти, кои се уште не нашле решение за чистење на депонијата и за дислокација на претоварната станица за отпад.

– Имавме ветувања дека претоварната станица ќе се дислоцира далеку од градот и со тоа ќе престане агонијата која со години наназад ја нагрдува сликата за Тетово. Колку вреди зборот на еден градоначалник, колку вреди зборот на општинските власти? Сликата и миризбата кажуваат се. Граѓаните негодуваат, се гушат во неподнослива миризба која сега за време на високите летни температури е уште поинтензивна, изјави Борис Стојановски од ГА „За почисто Тетово“.

Минатата недела градоначалничката на Општина Тетово ја отвори претоварната станица за смет лоцирана на само неколку километри од градот и рече дека со нејзината работа ќе се ублажи проблемот со сметот во градот, а во меѓувреме најави дека екипи на Јавното комунално претпријатија „Тетово“ ќе работат на отстранување на сметот од дивата депонија.

 

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top