Насловна / Архитектура / 10 најскапи вили и станови во 2017 година

10 најскапи вили и станови во 2017 година

Од куќата која се наоѓа на Бел Ер и која е прогласена за најскапа куќа која било когаш се нашла на листа на недвижности во САД, па се до единствени пентахуси кои беа на продажба во Сингапур или 250 години стара палата која се продаваше во Англија –ќе Ви ги претставиме 10 најлуксузни недвижности кои се продаваа во 2017 година. Некои од овие недвижности сеуште се на продажба благодарејќи на атстрономските цифри.

Shelter Island Estate

монтана

Куќата се наоѓа ма на малото приватно острово Shelter сместено сред најчистото езеро на светот Montana Flathead. Ова е најголема приватна резиденција во Монтана, со приватна винарија, стрелана, уредени површини крај езерото. Куќата е проценета на 22.750 милиони долари.

Benham

берксир

Овој имот датира од 956 годани. Benham е историски имот кој се наоќа во Беркшир во Англија и оваа година понуден е на продажба за цена од  26 милиони фунти.

Montecito Estate

монтецито

Микс на калифорниска удобност и азиски дизајн, оваа куќа од 765 м2, нуди луксуз, базен и убаво уредена градина.

Chateau de Promenthoux

женева

Chateau de Promenthoux е дворец од 19 век кој е сместен на брегот  на Женевското езеро. Чини 48 милиони швајцарски франци и комплетно е завршен во 1896 година, како летна резиденција  за синот на модниот дизајнер Чарлс Фредерик Ворт. Дворецот се простира на површина од 1300 квадратни метри. Содржи четири големи простории за прием, осум спални соби, шест бањи и повеќенаменска кујна. Дворецот содржи и одвоен смештај за послуга. Панорамскиот поглед на женевското езеро е прекрасен.

Пентхаус на Томи Хилфигер во хотелот Плаза

хилфигер

Познатиот дизајнер Томи Хилфигер го даде на продажба луксузниот пентахус од 250 квадратни метри кој се наоѓа во њујоршкиот хотел Плаза за 50 милиони долари. За реновирањето на пространиот дуплекс пентахаус  Хлифигер потрошил 20 милиони долари. Пентахаусот е поплочен со скапоцен мермер, поседува мурали, дури 12 соби, црни лакирани зидови, површини од оклопи од желки и поглед на Централ Парк и Петтата авенија.

Crystal Pointe

ezero

На брегот на езерото Тахо сместена е резиденцијата  Crystal Pointe од 1500 квадратни метри која е понудена на продажба за 75 милиона долари. Куќата е на самиот брег, поседува и доадатен објект – куќа за гости. Резиденцијата има осум спални соби, 10 купатила, 13 камини и кино за 10 особи. Вински подрум и гаража за четири автомобила.

Somma Way Villa

сома

Вилата е сместена во луксузниот дел на Лос Анѓелес, се простира на 3716 квадратни метри. Содржи осум спални соби, 21 бања, два базена, терен за баскет, комплетен SPA и wellness центар и комплетно студио за снимање. Цената на вилата е 75 милиони долари.

Wallich Residence Super Penthouse

сингапур

Во срцето на Сингапур, на врвот на  Tanjong Pagar Сentra се наоѓа пентхаус од 1900 метри квадратни со шест спални соби, шест бањи. Супер пентахусот е сместен на повеќе нивоа, поточно од 62 до 64 кат. Овој пентахаус чини 78.4 милиони долари.

Il Palmetto

палмето

Американскиот архитект со швајцарско потекло Mauris Fatio во 1930 година ја проектирал куќата наречена Il Palmetto во Палм Спрингс. Куќата е реставрирана и сега се нуди на продажба за цена од 137 милиони долари. На имотот се наоѓа и вински подрум за 20.000 шишиња вино и SPA центар.

Bel-Air Pad

белар

Ова е убедливо најскапа куќа која некогаш се појавила на листата за продажба на недвижности во САД. Куќата се наоѓа на Бел Ер и се простира на површина од 3530 квадратни метри, а во прашање е ултимативен луксуз.  Спектакуларниот имот се продава за фантастични 250 милиони долари. Поседува две скулптури на крокодили во природна големина, фризерски салон, SPA центар и дури 21 бања. Содржи и два вински подрума, пет барови и 10 гостински апартмани и ултра луксузна теретана. За оваа цена во гаражата се добиваат и 10 мотори и 12 автомобили од кои некој се  Bugatti Veyron, 1936 50K Mercedes Benz и Pagani Huayra.

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top